Одржана обука за додатоци на исхрана и здравствени и нутритивни тврдења

03.12.2020 | Одржана обука за додатоци на исхрана и здравствени и нутритивни тврдења

Во рамки на проектот „Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи“ во периодот од 1-ви до 3-ти декември се одржа обука за Нутритивните и здравствените тврдења и додатоците на исхрана.

На обуката, одржана преку онлајн платформата Зум, присуствуваа инспекторите од подрачните единици и вработени од централно ниво во АХВ. Беа претставени законодавството на ЕУ во поглед на нутритивните и здравствените тврдења и додатоците на исхрана, како и голем број практични примери од секојдневната работа. Беше претставена и дискутирана контролната листа за официјални контроли којашто ќе им биде корисна алатка во понатамошната работа на инспекторите.

 

2

 

3