
Во рамките на проектот Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи , на 8ми, 12ти и 14ти април 2021 беа реализирани обуки на тема официјални контроли за нус производи од животинско потекло.

Проектниот експерт Франческо Боничели го презентираше законодавството за НПЖП, пристапот на ЕУ во однос на официјалните контроли на НПЖП и техниките за контрола, и низ вежби со инспекторите беа симулирани на официјални контроли, како и претставени студии на случај. Обуката беше наменета за инспектори од Одделението за државна инспекција за ветеринарно јавно здравство и Одделението за државна инспекција за здравствена заштита на животните.
