
На 9 април 2021 претставници од АХВ и експертите на проектот одржаа онлајн работилница за операторите со храна на тема Законодавството во однос на додатоци на исхрана и здравствени и нутритивни тврдења.

Претставниците на Секторот за храна од неживотинско потекло направија преглед на законодавството во однос на додатоци на исхраната и здравствени и нутритивни тврдења и предложени измени на законодавтсвото, и презентација на Упатството за бизнис оператори со храна (Легислатива за додатоци на исхрана и постапка за нотификација), додека проектните експерти од Австрија дадоа преглед на Законодавството на ЕУ во однос на додатоци во исхраната и здравствени и нутритивни тврдења, како и примери за правилна употреба на здравствени тврдења.


