Реализирана обука за материјали кои доаѓаат во контакт со храна

05.11.2020 | Реализирана обука за материјали кои доаѓаат во контакт со храна

Во рамките на проектните активности, на 2, 3 и 4 ноември 2020 беше реализирана обука на тема материјали кои доаѓаат во контакт со храна.

Во текот на обуката се направи преглед на Законодавството на ЕУ за материјали кои доаѓаат во контакт со храна, општите и посебни барања за пуштање во промет и означување, изјави за усогласеност, како и примери за добрата производна пракса – системот за аудит (ревизија) и контролни листи. 

Учесници на обуката беа инспектори за храна од сите подрачни единици на АХВ.

 

obuka 2

 

Obuka 3