Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
АХВ отстапи две автоматски прскалки за дезинфекција на возила
Како општествено одговорна институција, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) постапи по заклучокот на Комисијата за контрола на заразните болести на Дирекцијата за заштита и спасување и отстапи на користење две автоматски дезинфекциони прскалки за возила. Станува збор за опрема за вршење на автоматска дезинфекција на возила кои се поставени на влезот и излезот на општините Дебар и Центар Жупа, каде неодамна, поради состојбата со вирусот КОВИД 19, беше прогласена кризна состојба.
АХВ донесе сет мерки за безбеден и непречен проток на стоки и животни
Врз основа на епидемиолошката состојба со болеста КОВИД 19 кај луѓето, мерките на Владата на Република Северна Македонија и препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, со цел спречување на нејзино ширење, заради создавање на услови за безбеден и непречен проток на стоки и животни, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе сет на безбедносни мерки. На целата територија на земјава, забранета е работата на добиточните пазари и собирните центри.