Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
ФАО бара финансиски експерт за проектот со АХВ
Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО објавува оглас за ангажирање на Национален финансиски експерт за проектот на ФАО и Агенцијата за храна и ветеринарство “Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија“.
Огласот е активен од денес - 27 август 2020 година, а крајниот рок за аплицирање е на 6 септември 2020 година.
Огласот е објавен и на официјалната интернет страница на Обединетите нации во Република Северна Македонија: https://un.mk/vacancies/.
ФАО: Нови функции на мобилната апликација на ФАО и MammalNet за откривање на африканска свинска чума кај дивите свињи
Во рамки на напорите за рано откривање и реагирање на болестa африканска свинска чума, Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, заедно со проектниот тим MammalNet, додадоа нови функции во бесплатната мобилна апликација iMammalia, со цел навремено известување за пронајдени трупови на диви свињи низ Балканот и пошироко. Апликацијата, која веќе се користи во Европа, првично беше дизајнирана за лесно снимање и евидентирање на присуството на цицачи.