Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

АХВ со поддршка на проектот за промоција и на потрошувачките права

02.12.2020
Aгенцијата за храна и ветеринарство зема активно учество и го поддржа проектот  „ Дали личиме на ЕУ? - Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Република Северна Македонија“, кое го релизира Здружението за промоција и унапредување на културните вредности КОНФИДЕНС од Скопје во соработка со продукцијата Балкон3.

Почитувањето на мерките, услов за безбеден производ

01.12.2020
Во услови на пандемија со КОВИД 19 вирусот и максимално подигнати безбедносни мерки за заштита од појава и ширење на вирусот на болеста африканска свинска чума во нашата земја, кога во селските домаќинста интензивно се извршуваат активности на колење на свињи, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира оваа активност да се изврши крајно внимателно. Максимално да се почитуваат препораките за заштита од КОВИД 19 вирусот како и на сите безбедносни мерки пред, за време, по колењето, конфекционирањето и подготовката на месото.

Хуманоста на дело покажана и во услови на пандемија

26.11.2020
Дваесеттина вработени од Агенцијата за храна и ветеринарство и во услови на пандемија со вирусот КОВИД 19, денес ја покажаа хуманоста на дело и се приклучија на крводарителската акција која се одржа во Агенцијата. Акцијата се реализира во организација на Црвениот крст на општина Центар и Институтот за трансфузициона медицина. 

Во јули август и септември уништени повеќе од 43 тони небезбедна храна

25.11.2020
Повеќе од 14,8 тони небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло, уништиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на спроведените 12 532 инспекциски надзори во третото тримесечје од годинава.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA