Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Од идната недела едукации за безбедноста на храната за вработените во градинките

16.11.2022
Од идната недела едукации за безбедноста на храната за вработените во градинките

Обновување и стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките и нивна доследна примена во пракса во интерес на заштита и унапредување на здравјето на децата во предучилишните установи и за Агенцијата за храна и ветеринарство и за градинките во земјава и во Градот Скопје е и треба да остане еден од врвните приоритети.

Ова го истакна директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, на денешниот координативен состанок кој го одржа со претставници од детските градински од Скопје. Со нивна соработка и учество, како што беше истакнато на состанокот, почнувајќи од идната недела, до крајот на декември, ќе се реализираат едукативни работилници за безбедноста на храната за вработените лица во градинките кои се  задолжени за прием, подготовка и делење на храната за децата.

На состанокот присуствуваа и претставници од инспекциските служби на Агенцијата кои непосредно ќе бидат вклучени во едукацијата. Презентирани беа основите за безбедност на храната во кујните во градинките, законските и подзаконските акти по кои работи Агенцијата и ги спроведува инспекциските контроли во овие објекти. 

Акцент во презентацијата беше ставен на прашањата кои се однесуваат на барањата за безбедноста на храната поврзани со подготовка на тендерската документација за набавка на храна за потребите на предучилишните установи, како и на темите кои непосредно се однесуваат на безбедносните критериуми за прием, контрола, подготовка и делење на оброците. 

Претставниците од АХВ изразија благодарност до општините во Градот Скопје кои искажаа подготвеност и ја прифатија и поддржаа иницијативата на Агенцијата за одржување на едукативни работилници за безбедноста на храната за вработените во градинките одговорни за исхрана на децата.
 

Ознаки
Категорија