Неопходна е размена на информации за заштита на здравјето на потрошувачите
Надградување на постоечките искуства и подобрување на знаењето за комуникацијата со ризик, во услови кога од ден на ден во европски и во светски рамки се заоструваат критериумите за безбеноста на храната се предизвиците со кои се соочува Агенцијата за храна и ветеринарство како институција одговорна за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните.