Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

Демант:Штипското прифатилиште одобрено согласно законските одредби за заштита и благосостојба на животните

18.04.2019

Aгенцијата за храна и ветеринарство остро реагира на соопштението кое денес до медиумите го испрати здружението за заштита на животните ,,Анима Мунди,, во кое неосновано се обвинува нашата институција дека спротивно на законските и подзаконските акти од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните издала одобрение за отворање на прифатилиште за бездомни животни во Штип.

ФАО издаде нов прирачник за Африканска свинска чума

17.04.2019

Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) издаде нов прирачник за здравјето на животните: Африканска свинска чума: откривање и дијагноза – Прирачник за ветеринарите, достапен и на македонски јазик и албански јазик. Целта на овој прирачник е на ветеринарните техничари и лабораториските дијагностичари да им ги обезбеди потребите информации за брзо дијагностицирање и реагирање при епидемија или случај на Африканска свинска чума.

Реакција: Нема непотребни задржувања на превозниците при вршење на инспекциските контроли на гарничните премини

17.04.2019

Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира изнесените наводи во медиумите за непотребни задржувања на превозниците при вршење на инспекциски контроли на граничните премини Ќафасан и Табановце. Согласно законските одредби, при извоз на храна од животинско потекло, официјалните ветеринари не вршат контроли на граничните премини, туку на местото на утовар на пратката за што издаваат и сертификат. 

Интервју на директорот на АХВ Зоран Атанасов за емисијата Агенда 35

15.04.2019
Интервју со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов за емисијата Агенда35.Поглавје 12 - Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика. Безбедна ли е храната која ја консумираме? Какви се стандардите за безбедност на храната во ЕУ?

Одржан четвртиот состанок на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни

12.04.2019

Зајакнување на контролите на материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, особено на пластичните и креирање на кампањи за подигнување на јавната свест за постоење на можна опасност од миграција на штетни материи од материјалите кои доаѓаат во контакт со храната во самата храна, планира во иднина да реализира Агенцијата за храна и ветеринарство како дел од активностите за контрола на безбедноста на храната и заштита на здравјето на потрошувачите.

 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA