АХВ и МВР спречија нелегална трговија со свињи
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР), на подрачјата на општините Крива Паланка и Радовиш, во неколку наврати, спречија нелегална трговија со свињи, спротивно на донесените решенија и воведените заштитни и контролни мерки за спречување на појава и ширење на болеста африканска чума кај свињите.