Хуманоста на дело покажана и во услови на пандемија
Дваесеттина вработени од Агенцијата за храна и ветеринарство и во услови на пандемија со вирусот КОВИД 19, денес ја покажаа хуманоста на дело и се приклучија на крводарителската акција која се одржа во Агенцијата. Акцијата се реализира во организација на Црвениот крст на општина Центар и Институтот за трансфузициона медицина.