Секторот за општи и административни работи го координира работењето на Одделението за општи работи, Одделението за правни работи, Одделението зајавни набавки, Одделението за информатичка технологија и Одделението за архивско и канцелариско работење, учествува во одлучување за спроведување на конкретни одлуки за работите кои се вршат во секторот по претходни инструкции од повисоко ниво и дава препораки за нивна имплементација. Секторот остварува редовни контакти со другите сектори и одделенија во Агенцијата и разменува информации и искуства, утврдува методологии на работење за приближување на законодавството, го следи извршувањето и спроведувањето на законите, односно учествува во изработката на националанта регулатива од надлежност на други органи на државната управа, врши управно-правни работи, води управна постапка од прв и втор степен, донесува решенија по пресуди од Врховниот суд на Република Северна Македонија, одговара на барање од државно правобранителство, Народниот правобранител, одговара на тужби пред судовите, подготвува одговори и доказен материјал за судовите и јавните правобранителства во соработка со сответниот сектор. Во надлежност на овој Сектор е и вршењето на најсложените стручно оперативни и аналитички задачи и активности од областа на координација на процесот на одржување на информатичките системи во агенцијата и придружните организациони единици, следењето и обработката на прашањата што се поврзани со информациониот систем, непосредно учествува во градење на база на податоци со дефинирањето на техничките, програмските и телекомуникационите основи на информациониот систем, ја следи и примената на законските и подзаконските акти кои се однесуваат на буџетското и материјално-финансиско работење, управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на субјектот утврдени со Буџетот, подготвување, извршување и известување на буџетот на субјектот,следење и примена на законската регулатива од областа на јавните набавки, подготовка на интерни акти/процедури за јавни набавки, координација на потребите за јавни набавки во субјектот и подготовка на годишен план за јавни набавки, води евиденција за печатитеи штембилите на отганот, чување, ставање во употреба, предавање на овластено лице, ставање вон употреба и нивно ништење,врши прием, прегледување и распоредување на актите, заведување, доставување во работа, административно – техничка обработка на актите, испраќање на актите, разведување и класификација на актите, одлагање на завршените акти во писарница и нивно архивирање од писарница во архива,го организира водењето на помошните книги за евиденција на актите, попис на акти, регистар, интерни доставни книги, книга за препорачана пошта ,врши класификација и средување на актите, решените предмети според архивските знаци.