Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

На барање на Европската комисија, Европската Агенција забезбедност на храна (ЕФСА) изготви мислење за влијанието кое примената на синтетичка биологија при производство на земјоделски производи би го имала во блиска иднина, како и тоа, дали дали примената на оваа технологија се очекува да претставува потенцијален ризик и опасност за животната средина. Покрај тоа, од ЕФСА беше побарано да направи проценка на соодветноста на постојните упатства за проценка на ризик и по потреба да извши ажурирање на истите.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес го посети рибникот “Дошница” во демиркапиското село Чфлик, кој деновиве од Агенцијата за храна и ветеринарство доби одобрение да биде карантински објект за риби. Станува збор за објект каде ќе се спроведува карантин за оплодена икра од пастрмки со цел обезбедување на безбедносни услови да се одгледаат и на пазарот да се пласираат риби од видот пастрмка кои се безбедни и кои ги исполнуваат највисоките стандарди за здравствена заштита од болести кај овие животни од аквакултурата.
На барање на Европската Комисија, Европската Агенција за безбедност на храна (ЕФСА), направи ревизија на постојните максимално дозволени нивоа на резидуи (МДН) од флуроксипир (fluroxypyr) во одредени земјоделски производи.
Согласно член 12 од Регулативата (ЕК) бр. 396/2005, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) направи ревизија на максимално дозволените нивоа на резидуи (МДН) кои во моментов се применливи на ниво на Европска унија за резидуи од активната супстанца pyroxsulam.
Во насока на зајакнување на националните капацитети за проценка на ризик во областа на безбедноста на храната и храната за животни, денес Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го одржа првиот состанок со експертите во научните панели, членови на Националната платформа на експерти во рамки на Националниот совет за безбедност на храната на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство денес на Факултетот за земјоделски науки и храна одржаа работен состанок со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Лајка не е само објект, Лајка не е само ова што го гледате. Лајка е еден посебен концепт на третманот на бездомните животни. Ова официјално значи историја за поранешниот стационар или концепт Вардариште. Со овие зборови градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денес, официјално го отвори стационарот „Лајка“.
Во февруари 2019 година Европската агенција за безбедност на храна донесе одлука за формирање работна група за прашања поврзани со собирање и моделирање податоци. За членови на работната група беа назначени членови на Советодавниот форум на ЕФСА (или нивни претставници), а истата беше предводена од страна на претставниците од Унгарија.

Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисиј

Агенцијата за храна и ветеринарство ги извести одгледувачите на живина, ветеринарните и ловните друштва да ги засилат биосигурносните мерки на фармите надзорот кај дивите птици поради опасноста од пренесување на вирусот на птичји грип во земјава преку преселните птици. Болеста е присутна кај домашните и дивите птици во Западна Русија и Северен Казахстан, каде во одредени области престојуваат неколку видови птици преселници, пред да се преселат во области каде презимуваат, а кои вклучуваат и делови од Европскиот континент.