Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес во рамки на теренските активности, посети три компании од земјоделско прехранбениот сектор од кавадаречкиот регион – мелничко пекарската индустрија „Жито Југ“, компанијата „Слога пром”, која се занимава со увоз и дистрибуција на месо и храна од неживотионско потекло и месната индустрија „Дироко”.
Агенцијата за храна и ветеринарство  презема активности за унапредување на системот за навремена идентификација и одговор на појавата на зоонози, зоонотски агенси и изворите на инфекции и за воспоставување на систем за побрз проток на информации за нив, меѓу институциите на системот и бизнис секторот.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес ја посети свињарската фарма “Вини фарм” од виничкото село Пеклане.
Грубо пласирана и непроверена лажна вест за стотици затруени во скопска сендвичарница, е денешната изјава на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, со која, по кој знае  кој пат, неаргументирано ја напаѓа за негрижа за јавното здравје работата на  Агенцијата за храна и ветеринарство.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, со претставници од компанијата, го посети преработувачкиот капацитет на месната индустрија “Челопек” од тетовското село Челопек
Календарски се наоѓаме на почеток на летото, период во кој температурите растот и над 30 степени Целзиусови со што се зголемува опасноста од труење со храна. Високите температури неповолно можат да се одразат и на здравјето на животните.
Појавата на КОВИД-19 вирусот имаше големо влијание на начинот на снабдување, тргување и купување на храната, што носи нови или различни ризици кои треба да се земат во предвид со цел да се осигура безбедност на храната во секое време.

Агенцијата за храна и ветеринарство денес се приклучи на глобалната иницијатива за одбележување н

Поради актуелната состојба со вирусот Covid 19, Агенцијата за храна и ветеринарство, преку видео конференција користејќи ја платформата Zoom meeting, минатата недела одржа работилница за едукација на официјалните ветринари и лиценцираните доктори по ветринарна медицина
За прв пат после 23 години и со авионски карго транспорт, вчера се изврши извоз на свежо разладено македонско јагнешко месо во Јордан. Се работи за извоз на 2.000 јагниња, откупени од домашните одгледувачи на овци, кои со авионски транспорт вчера доцна попладне се извезоа во Јордан.