Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Март 2023

Намена

Поддршка на прогресивно усогласување на контролата на здравјето на животните и системот за безбедност на храна и обезбедување на надградба на техничкиот капацитет на Агенцијата за храна и ветеринарство до повисоките стандарди на Европската Унија за да се обезбеди подобра контрола на здравјето на животните и ефикасен систем за безбедност на храна.

Специфична цел

Понатамошно зајакнување на постоечките системи на надлежни институции со цел подобрување на здравјето на животните и јавното здравје во државата.

Глобални цели

Осигурување на безбедноста на храната и добиточната храна и подобрување на здравјето на животните преку активности кои ќе придонесат за искоренување на болестите и прогласување на официјално слободен статус за одредени болести во земјата, како и намалување на  контаминентите и другите ризици во храната.

Обуки и студиски патувања

Во рамките на активностите опфатени со проектните компоненти предвидено е да се реализират серија обуки и студиски патувања во кои ќе бидат вклучени не само  вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство туку и други учесници во контролата на болести кај животните и имплементацијата на системот за безбедност на храна (опеартори со храна, ветеринарни друштва, одгледувачи на животни, надлежни институции, лаборатории, ловџии и други инволвирани страни).

Јавен настан за објавено научно мислење | Телиња, млечни крави, патки, гуски и потполошки

06.03.2023
Благосостојбата на животни претставува интегрален дел од стратегијата “Од Фарма до Вилушка” (F2F) на Европската унија која има цел земјоделските пракси во Европа да ги направи поодржливи.

Компонента 4 – Подобрен систем за собирање податоци и проценка на ризик

Активностите дефинирани во оваа компонентата, исто така, се фокусирани на обезбедување обука поврзана со проценка на ризик за подобрување на системот и особено за подобрување на собирањето податоци и користењето...

Компонента 3 – Подобрен систем на официјални контроли

Оваа компонентата опфаќа активности поврзани со ризици засновани на официјални контроли за здравствена заштита на животните и за ветеринарно јавно здравство. Таа, исто така, предвидува интеграција и координација на горенаведените...

Компонента 2 – Зајакнување на капацитетот за безбедност на храна

Активностите дефинирани во втората компонента се ограничени на зајакнување на институционалните капацитети за материјали кои доаѓаат во контакт со храна, дефинирање на рокот на траење на храната од животинско потекло...

Компонента 1 – Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните

Во пракса, активностите опишани во компонентата 1 укажуваат на потребата од обука на корисникот применлива за повеќе болести кај животните, вклучувајќи анализа, ревизија, дефинирање на оперативни документи и дефинирање...