Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Јавен настан за објавено научно мислење | Телиња, млечни крави, патки, гуски и потполошки

06.03.2023
efsa

Благосостојбата на животни претставува интегрален дел од стратегијата “Од Фарма до Вилушка” (F2F) на Европската унија која има цел земјоделските пракси во Европа да ги направи поодржливи. Како дел од стратегијата, Европската унија спроведува напредна ревизија на законодавството со кое се утредува благосостојбата на животните, за што од Европската агенција за безбедност на храна беше побарано да обезбеди нови совети во кои ќе се рефлектираат најновите научно-истражувачки податоци. Мандатите добиени од ЕФСА, исто така, ја рефлектираат зголемената загриженост на јавноста во врска со благосостојбата на животните, особено употребата на кафези во процесот на одгледување животните. Европска граѓанска иницијатива (Крај на кафезното доба) која повикува на прекин на употребата на вакви кафези беше потпишана од повеќе од 1,4 милиони граѓани и поддржана од околу 170 организации.

Овој настан, кој ќе се одржи виртуелно, се организира по објавувањето на три научни мислења и тоа благосостојба на телиња на ниво на фарма, благосостојба на крави кои се одгледуваат фарма за производство на млеко и благосостојба на патки, гуски и потполишки на ниво на фарма. 

Настанот ќе се одржи виртуелно на 23 мај 2023 година и е наменет за сите оние кои имаат искуство или се заинтересирани за областа со која се уредува благосостојбата на животните.

Регистрацијата за учество на настанот ќе започне на 19 април 2023 година, а секој регистриран учесник ќе добие сопствен линк за следење на настанот.
 

Ознаки
Категорија