Две нови ленти за камиони на Табановце, од 1 Октомври пуштање на стока во промет само за еден час
По алармот дека на граничниот премин „Табановце“ една од лентите за „Отворен Балкан“ не функционира, во употреба се пуштени други две кои товарните возила ќе можат непречено да ги користат, соопштија денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на Царинската управа Славица Кутиров, по одржаниот работен состанок на кој учествуваа и првите луѓе на Агенцијата за храна и ветеринарство и на Стопанската комора на Северна Македонија.