Правното лице кое сака да врши увоз на храна за животни поднесува барање до Агенцијата за храна и ветеринарство за добивање на решение за запишување во регистарот на увозници на храна за животни. На интернет страната на Агенцијата за храна и ветеринaрство http://www.fva.gov.mk во делот Обрасци под реден број 17 објавено е Барањето за регистрација на увозници на храна зa животни кое се пополнува од страна на одговорното или овластеното лице во правното лице и се заверува со негов потпис и печат на правното лице. Во прилог на барањето, објавена е листа на дополнителна документација која се приложува кон барањето за регистрација на увозници на храна за животни.
Агенцијата за храна и ветеринaрство го одобрува или одбива барањето за добивање Решение за запишување во регистарот на увозници на храна за животни во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето, врз основа на поднесените документи. Доколку документацијата доставена од страна на операторот со храна за животни не е комплетна или е нејасна, до подносителот на барањето се доставува Известување за докомплетирање на документацијата со напомена дека во даден временски рок (15 дена од денот на приемот на известувањето) потребно е да ја достави комплетната документација. Доколку подносителот на барањето не ја достави потребната документација во дадениот временски рок, Агенцијата го одбива барањето.
Агенцијата за храна и ветеринарство води Регистар на регистрирани правни лица увозници на храна за животни кој тековно се ажурира и се објавува на интернет страната на Агенцијата за храна и ветеринарство http://www.fva.gov.mk во делот Регистри.