Операторите со храна за животни треба да поднесат барање до Агенцијата за храна и ветеринарство за добивање на решение за запишување во регистарот на регистрирани оператори со храна за животни и објекти во кои се врши производство, преработка, складирање, транспорт и дистрибуција на храна за животни. Агенцијата за храна и ветеринарство издава Решение за запишување во регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна за животни за следните активности:
- производство на храна за животни (освен онаа која подлежи на одобрување);
- преработка на храна за животни (мелници);
- складирање на храна за животни;
- ставање во промет на храна за животни.
На интернет страната на Агенцијата за храна и ветеринaрство во делот Обрасци [врска] под реден број 19 објавено е Барањето за регистрација на објект и оператор со храна за животни кое се пополнува од страна на одговорното или овластеното лице во правното лице и се заверува со негов потпис и печат на правното лице. Во прилог на барањето, објавена е листа на дополнителна документација која се приложува кон барањето за регистрација на објект и оператор со храна за животни.
Агенцијата за храна и ветеринaрство го одобрува или одбива барањето за добивање Решение за запишување во регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна за животни во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето, врз основа на поднесените документи и извештајот од извршениот увид од страна на официјален ветеринар за исполнување на условите од Законот за безбедност на храната за животни. Доколку документацијата доставена од страна на операторот со храна за животни не е комплетна или е нејасна, до подносителот на барањето се доставува Известување за докомплетирање на документацијата со напомена дека во даден временски рок (15 дена од денот на приемот на известувањето) потребно е да ја достави комплетната документација. Доколку подносителот на барањето не ја достави потребната документација во дадениот временски рок, Агенцијата го одбива барањето. Агенцијата за храна и ветеринарство води Регистар на регистрирани објекти и оператори со храна за животни кој тековно се ажурира и се објавува на интернет страната на Агенцијата за храна и ветеринарство, во делот Регистри [врска].