Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Јануари 2019

АХВ отворена за подобрување на текстот на измените на Законот за заштита и благосостојба

11.01.2019
Заокружување на концептот на одговорното сопствеништво во Република Северна Македонија и решавање на проблемот со бездомните кучиња преку подобрување и унапредување на текстот на измените на Законот за заштита и благосотојба на животните кој наскоро треба да се најде во собраниска процедура, беше тема на денешниот работен состанок кој директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов го одржа со претставници на релевантни здруженија од областа на кинологијата.

Пријавување на болести

Согласно член 50 од Законот за ветеринарното здравство (Службен весник на РМ 113/2007, 24/11, 136/11 , 123/12, 154/15 и 53/16) oбврската за известување на надлежниот орган ја имаат:

Сопствениците на животни или кое било друго лице одговорно за животните, ветеринарни друштва, доктори по ветеринарна медицина, (лабораторија, кланица, вработени во собирни центри, превозници), Офицјалните ветеринари/ветеринарни инспектори до Надлежен орган Агенција за храна и ветеринарство.

Трихинелоза

Трихинелоза е паразитско заболување, сериозна зооноза (болест кај животните што може да ги инфицира и луѓето) предизвикани од паразит (нематод – валчест црв) од родот Trichinella. Има осум видови и три дополнителни генотипови во родот, со различни географска дистрибуција и приемчив домаќин. Некои видови се отпорни замрзнување. Паразитот е присутна низ целиот свет и може да зарази многу различни видови на цицачи, а неколку видови на трихинела, исто така, ги инфицираат рептилите или птиците.

Класична чума кај дивите свињи

Класичната чума кај свињите е вирусно заболување кај дивите свињи кое предизвикува огромна економска штета во свињарското производство. Дивите свињи можат да бидат носители на врусот и да ја пренесат болеста на домашните свињи. Другите животни и луѓето не заболуваат. Болеста е широкораспространета во светот. Присутна е и во Европа и во земјите од Балканскиот регион. Во Република Северна Македонија последниот случај на класична чума кај свињите е потврден во 2008 година и кај домашните и кај дивите свињи.

Комисија за благосостојба на животни

Директорот на Агенцијата формира Комисија за заштита и благосостојба на животните, која дава мислења, научна и техничка поддршка во однос на заштитата и благосостојбата на животните. За заштита на животни за научни цели, Комисијата дава совети на Агенцијата и телата за благосостојба на животни за работи поврзани со спроведување постапки, размножување, сместување, грижа и користење на животните во постапки и обезбедува размена на искуства.

Класична чума кај свињите

Класичната чума кај свињите е вирусно заболување кај дивите свињи кое предизвикува огромна економска штета во свињарското производство. Дивите свињи можат да бидат носители на врусот и да ја пренесат болеста на домашните свињи. Другите животни и луѓето не заболуваат. Болеста е широкораспространета во светот. Присутна е и во Европа и во земјите од Балканскиот регион. Во Република Северна Македонија последниот случај на класична чума кај свињите е потврден во 2008 година и кај домашните и кај дивите свињи.

Салмонелоза

Болеста Салмонелоза е болест која се пренесува преку храна и најчесто се поврзува со консумација на јајцата и претставува важен јавно здравствен проблем. Бактерија, Salmonella enteritidis, може да се пронајде во совршено нормални јајца за конзумација, и ако истите се консумираат термички необработени, бактеријата може да предизвика болест. Потрошувачите треба да бидат свесни за можноста од постоењето на бактеријата и да научат како да ја превенираат можноста да заболат.

Беснило

Беснилото е смртоносно заболување кај животните (цицачите) и човекот предизвикано од вирус кој го напаѓа нервниот систем. Вирусот се наоѓа во плунката на заболените животни и се пренесува на луѓето и животните преку каснување, гребење или лижење од болно животно. Вирусот го напаѓа нервното ткиво – мозокот и предизвикува симптоми карактеристични за пореметување на нервниот систем. Штом ќе се појават симптомите болеста завршува фатално и кај животните и кај луѓето, но доколку навремено и соодветно се третира болеста се спречува со сигурност.