Трихинелоза е паразитско заболување, сериозна зооноза (болест кај животните што може да ги инфицира и луѓето) предизвикани од паразит (нематод – валчест црв) од родот Trichinella. Има осум видови и три дополнителни генотипови во родот, со различни географска дистрибуција и приемчив домаќин. Некои видови се отпорни замрзнување. Паразитот е присутна низ целиот свет и може да зарази многу различни видови на цицачи, а неколку видови на трихинела, исто така, ги инфицираат рептилите или птиците. Луѓето се подложни на инфекција со сите видови на паразитот, а најчест причинител на болеста кај свињи, коњи, стаорци, многу месојади и други животни е Trichinella spiralisis кој е застапена во регионот исто како и Trichinella britovi.
Како се пренесува болеста?
Трихинелозата се пренесува со консумирање на заразено месо или производи од месо. Помеѓу животните се пренесува со хранење со заразени животни или јадење на мрши, хранење на отпадоци од месо или стаорци. Кај луѓето болеста се пренесува со консумација на недоволно термички обработено месо или производи од месо.
Периодот на инкубација кај луѓето (од консумирање на инвадирано месо до појавата на првите знаци на болеста) изнесува 1-2 дена по што се јавуваат треска и гастро интестинални симптоми предизвикани од паразитите кои во таа фаза се наоѓаат во цревниот систем кај луѓето. Една недела подоцна паразитите ги напаѓаат мускулите што се манифестира со болки во мускулите и треска. Во понатамошниот тек на болеста треската поминува но болките во мускулите остануваат доколку не се примени соодветна терапија. Зависно од бројот на паразити кои ќе се внесат во телото симптомите варираат од незначителни до многу тешки. При масовно инвадирање на дебелото црево или внатрешните органи болеста може да заврши и фатално. За да се спречи појавата на болеста кај луѓето најважно е да не се консумира недоволно термички обработено месо, особено од диви животни.
Кои се клиничките знаци на болеста кај животните?
Иако животните може да бидат подложни на масовна инфекција со трихинела, болеста се дијагностицира исклучително ретко кај животните што не е случај со луѓето каде што може да предизвика сериозна болест. Како се врши дијагностика на болеста кај животните?
Трихинелата најчесто се утврдува како дел од процесот на инспекција на санитарна исправност на месо. Се прави дигестија на мускулното ткиво со ензими, остатокот се прегледува под микроскоп. Паразитот лесно се идентификуваа и бидејќи е ослободен во процесот на дигестија се забележува како се движи под микроскоп.
Препораки
Препознавањето на оваа болест кај животните е многу тешко, оттаму најдобро е да се прави систематско прекинување на циклусот на развој на трихинелата односно отстранување од ланецот на храна преку третирање на месо и производи од месо (домашни и диви животни кои се користат за исхрана). Месото (производите од месо) треба да се третира на најмалку 1 минута на 60о С. Замрзнувањето на месо не се препорачува како метода бидејќи некои видови се толерантни на замрзнување.
Кога станува збор за домашно одгледувани свињи одгледувачите треба да го имаат во предвид следното:
Се препорачува одгледувачите на свињи за домашна употреба свињите да ги колат во одобрен објект за таа намена каде ќе се изврши преглед на месото на присуство на трихинела. Доколку колењето не се изврши во одобрен објект за таа намена се препорачува од трупот да се земат мостри и да се достават до најблиската овластена лабораторија на испитување на присуство на трихинела.
Согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните од секоја застрелана дива свиња треба да се испрати примероци со тежина од најмалку 15 грама од предната нога, јазикот или дијафрагмата за испитување на трихинелоза. Месото од застреланите диви свињи не треба да се консумира пред да се добијат резултатите од дијагностичкото
трихинелоза. Месото од застреланите диви свињи не треба да се консумира пред да се добијат резултатите од дијагностичкото испитување.
- спречување на изложеност на свињите на глодари и дивеч,
- нус-производот (помии) не треба да се чуваат на одгледувалиштето и не смее да се дава како храна на свињите,
- храната за исхрана на животни мора да се чува соодветно, така што се спречува пристап на глодари и дивеч, и
- угинатите животни треба веднаш да се отстранат од другите свињи на одгледувалиштето.
- Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2019 (Службен весник на РМ бр. 3/2019) [врска]
- Правилник за посебни барања за контрола на Trichinella во месото („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.82/16) [врска]
- Повеќегодишен контролен план за мониторинг на инфестација со Trichinella кај приемчива популација на домашни и диви животни [врска]
- Оперативен план за управување со кризи во однос на храна и храната за животни – Трихинелоза [врска]
- Процедура за следење на мониторингот на инфестација со Trichinella кај приемчива популација на домашни и диви животни [врска]
- Процедура за доделување на здравствен статус “слободни од трихинелоза” на одгледувалишта на свињи или оддели кои применуваат контролирани услови на одгледување [врска]
- БАРАЊЕ за одобрување на официјален статус на одгледувалиште или оддел со контролирани услови за одгледување [врска]
- Потребни документи при поднесување на Барање за одобрување на одгледувалиште на свињи или оддел кои применуваат контролирани услови на одгледување и доделување на здравствен статус на одгледувалиште или оддел “слободни од трихинелоза” [врска]
- Mесечен извештај за заклани свињи и испитани примероци за дијагностика на Тrichinella во месо [врска]
- РЕГИСТАР на одгледувалишта /оддели кои имаат статус на одгледувалиште/оддел кои применуваат контролирани услови на одгледување на свињи [врска]