Мерки за сузбивање и искоренување ТСЕ/BSE
Мерките за сузбивање и искоренување на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии кај животните, како и превенција, контрола и ерадикација на ТСЕ во производството, како и во случај на ставање во промет на животни и производи од животинско потекло се пропишани со Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 57/11, 161/17 и 77/18).