Општи услови за превоз на животни
Законот за заштита и благосостојба на животните може да го преземете на следнава [врска].
Правилникот за заштита и благосостојба на животните за време на превоз може да го преземете на следнава [врска].
За време на превозот на животни, треба да бидат исполнети следниве услови:
- да се направени сите неопходни подготовки, со цел да се намали времетраењето на патувањето и да се задоволат потребите на животните за време на патувањето;
- животните да бидат подготвени за патување;
- средствата за превоз треба да бидат соодветно конструирани, одржувани и управувани, на начин да се избегне повреда, страдање, како и да се осигура нивната безбедност;
- опремата и просторот за натовар и истовар да е соодветно конструиран и одржуван, на начин да се избегне повреда и страдање, како и да се осигура нивната безбедност;
- лицата кои постапуваат со животните да имаат вештини и знаења од областа на заштита и благосостојба за време на превоз и да ги извршуват своите обврски без употреба на сила или кој било друг метод со кој се предизвикува непотребно страв, болка, страдање или повреда на животните;
- превозот до местото на истовар да се извршува без застој, така што условите за благосостојба на животните редовно се проверувани и соодветно одржувани;
- за животните да е обезбедена доволна подна површина и висина, соодветна на нивната големина и намена на превозот;
- животните да се понудуваат со вода, храна и одмор во соодветни интервали и со соодветен квалитет и квантитет според нивниот вид и големина.
Забрането е превезување или принуда на животни на превоз кој може да предизвика нивна повреда или претерано страдање.
Превоз на животни за кратки патувања
За кратки патувања се сметаат сите патувања во комерцијални цели на дестинации подолги од 65 км во еден правец а времето на патувањето не надминува 8 часа.
Агенцијата на превозниците кои не вршат превоз на животни за долги патувања им издава одобрение, со важност до пет години доколку:
- се регистрирани во Република Северна Македонија, или во случај на превозници од друга држава, да имаат свое претставништво во Република Северна Македонија;
- имаат доволен број на квалификуван персонал, опрема и пропишани постапки за работа со цел за усогласување со одредбите од овој закон;
- не им е изречена прекршочна санкција или мерка за сериозни нарушувања на одредбите од овој закон во период од најмалку три години од датумот на поднесувањето на барањето.
Превоз на животни за долги патувања
За долги патувања се сметаат сите патувања во комерцијални цели на дестинации подолги од 65 км во еден правец, а кај кои времето на патувањето надминува 8 часа. Агенцијата на превозниците кои не вршат превоз на животни за долги патувања им издава одобрение, со важност до пет години доколку:
- се регистрирани во Република Северна Македонија, или во случај на превозници од друга држава, да имаат свое претставништво во Република Северна Македонија;
- имаат доволен број на квалификуван персонал, опрема и пропишани постапки за работа со цел за усогласување со одредбите од овој закон;
- не им е изречена прекршочна санкција или мерка за сериозни нарушувања на одредбите од овој закон во период од најмалку три години од датумот на поднесувањето на барањето;
- валидно уверение за квалификуваност на возачот, односно надзорникот согласно со членот 44 од овој закон;
- одобрение за превозното средство согласно со членот 45 од овој закон;
- пропишани постапки за работата, вклучувајќи и систем за навигација кој им овозможува на превозниците следење и евидентирање на движењето на патните возила под нивна одговорност и контактирање со возачите во кој било момент за време на долгото патување;
- планови за преземање на итни мерки во случај на вонредни ситуации;
- доказ дека деловниот објект е во негова сопственост или да има право на користење;
- тековна состојба од Централен Регистар на Република Северна Македонија.
Агенцијата за храна и ветеринарство води регистер на превозници за долги патувања. Регистерот може да го преземете на следнава [врска].
Возачи и надзорници на патувањето
Ниедно физичко или правно лице нема да превезува или да се дејствува како возач или надзорник при превозот на домашни копитари, освен регистрирани копитари, домашни животни од видовите говеда, овци, кози и свињи или живина, доколку не поседуваат уверение за компетентност издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Уверението е со рок на важност од 5 години. За да добијат Уверение за компетентност, возачите и надзорниците на патувањето треба да поминат обука и положат испит кај субјекти кои се овластени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Регистерот на овластени субјекти може да го преземете на следнава [врска].
Постапката за добивање на уверението за компетентност е наведена во Законот за заштита и благосостојба на животните и Правилникот за заштита и благосостојба на животните за време на превоз.
Агенцијата за храна и ветеринарство води регистер на возачи и надзорници на патувањето. Регистерот може да го преземете на следнава [врска].
Контролни листи за одобрување и контрола
Контролните листи за одобрување и контрола на превозниците и превозните средства за долги патувања може да ги преземете на следнава [врска].