Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Мерки за сузбивање и искоренување ТСЕ/BSE

Мерките за сузбивање и искоренување на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии кај животните, како и превенција, контрола и ерадикација на ТСЕ во производството, како и во случај на ставање во промет на животни и производи од животинско потекло се пропишани со Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 57/11, 161/17 и 77/18). Со Решението за определување на одредени нуспроизводи од животинско потекло како специфичен ризичен материјал од аспект на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии (“Службен весник на Република Северна Македонија бр. 175/15) следниве ткива или органи се определуваат како специфичен ризичен материјал од аспект на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии доколку се добиени од животни кои потекнуваат од Република Северна Македонија или од земја или регион со контролиран, односно неопределен Бовина спонгиоформна енцефалопатија (БСЕ) ризик, како и од Земји Членки на Европската Унија со незначителен БСЕ ризик:

  1. Oд говеда:
    • черепот, исклучувајќи ја мандибулата и вклучувајќи ги мозокот и очите и 'рбетниот мозок, од животни постари од12 месеци;
    • ‘рбетот исклучувајќи ги опашните пршлени, спиналните и трансверзалните продолжетоци на вратните, градните и слабински пршлени, и медијалниот сакрален гребен и крилја на сакралната коска, вклучувајќи го дорзалниот спинален ганглион од животни постари од 30 месеци
    • тонзилите, цревата од дуоденум до ректум и мезентериумот од животни од сите старосни категории.
  2. Oд овци и кози:
    • черепот вклучувајќи ги мозокот и очите, тонзилите и'рбетниот мозок од животни постари од 12 месеци или кои имаат трајни секачи
    • слезената и илеумот од животни од сите старосни категории.


Ткивата или органите определени како специфичен ризичен материјал систематски треба да се отстранат во кланиците при колење на животните, а со нив да се постапува согласно Законот за нуспроизводи и подзаконските акти кои произлегуваат од истиот. На задолжително мострирање на присуство на ТСЕ подлежат заклани говеда постари од 30 месеци и 10 % од закланите овци постари од 18 месеци.
 

Законски и подзаконски акти

  • Закон за нуспроизводи („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр. 113/07, 144/14, 149/15 и 53/16)
  • Правилник за мерки за сузбивање и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 57/11, 161/17 и 77/18)