Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Заштита и благосостојба на домашни миленици

Регистрирани кучиња

Сопствениците на кучиња се должни да ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој, со цел да ги регистрираат и идентификуваат, како и да ги исполнат одредбите во однос на здравствената заштита согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство.

Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче, без разлика дали кучето или кучињата чиј е сопственик се опасни или не. Кучињата кога се на јавно место треба да бидат врзани на поводник освен кога се на јавни места каде е дозволено кучињата слободно да се движат во придружба на нивните сопствeници

 

Бездомни кучиња

Општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, се надлежни да вршат собирање на бездомни кучињата, односно нерегистрирани кучиња и регистрирани кучиња доколку ги затекнат на јавни површини без присуство на сопственикот и привремено да ги сместат во соодветни објекти – прифатилишта.

Прифатилиштата треба да обезбедат спроведување на соодветни мерки и персонал со цел за ефикасна заштита на животните, редовно хранење и напојување и доколку е неопходно лекување на животните. Прифатилиштата треба да бидат одобрени од Агенцијата. Агенцијата за храна и ветеринарство води регистер на одобрени прифатилишта. Регистерот може да го преземете тука [врска].

 

Опасни кучиња

Опасни кучиња се кучиња:

  • кои без причина нападнале човек и му нанеле телесни повреди или смрт;
  • кои се затекнати во организирана борба на животни;
  • од одредени раси и нивни мелези кои заради нивните расни карактеристики може да представуваат опасност за луѓето и животните;
  • кои на тестот на социјализација се прогласени за опасни кучиња.

Сопственикот или одговорното лице за опасно куче треба да обезбеди услови за држење на животното соодветно за расата, потребите и карактеристичното однесување, при што вклучително треба:

  • кучето да го чува во заграден простор или врзано;
  • при движење кучето да го врзе на поводник и да му стави заштитна маска.

Опасните кучиња при движење треба да бидат придружувани од полнолетно лице.

Условите за опасни кучиња се пропишани во членот 30, 31 и 32 од Законот за заштита и благосостојба на животните.

 

Тест за социјализација на кучиња

Тестот за социјализација на опасни кучињата го спроведува Агенцијата или лица кои се овластени од страна на Агенцијата за спроведување тестот при услови утврдени со Законот за заштита и благосостојба на животните.

Регистерот на лица кои се овластени од страна на Агенцијата за спроведување тестот за социјализација може да го преземете тука [врска]