Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Заштита и благосостојба на животните за време на колење и убивање

 

Општи Услови

Одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните се применуваат при заштита и благосостојба на животните за време на колење или убивање. Одредбите од Законот за заштита и благосостојба не се применуваат при:

  • убивање на животни за научни експерименти кои се вршат под надзор на Агенцијата;
  • убивање на диви животни за време на лов и рекреативен риболов;
  • живина, зајаци и куникули заклани надвор од кланица кои се наменети за домашна употреба;

Законот за заштита и благосостојба на животните може да го преземете тука [врска].
Правилникот за заштита и благосостојба на животните за време на колење и убивање може да го преземете тука [врска].

 

Заштита и благосостојба на животните за време на колење во кланици

Просториите кои се користат за убивање и придружни операции во кланици треба да се дизајнирани, конструирани, да се одржуваат и со нив да се ракува на начин со кој животните треба да бидат поштедени од секое вознемирување за да се избегне, болка или страдање за време на убивање и придружни операции во кланици.
Животните може да се убиваат само по нивно омамување извршено согласно методите за омамување од правилникот за заштита и благосостојба на животнитѕе за време на колење и убивање, при што животните треба да останат омамени се до нивното угинување.
По исклучок, во случај на колење во религиозни обреди може да не се применуват методите на омамување доколку колењето се врши во кланица и по претходно одобрување од страна на Агенцијата. Колењето, убивањето и придружните операции во кланици се врши само од страна на стручни лица на начин со кој се избегнува предизвикување на непотребна болка, вознемиреност или страдање. Одредени операции се вршат само од страна на лица кои имаат сертификат за компетентност.
Сертификатот за компетентност го издаваат субјекти кои се овластени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Регистерот на субјекти може да го преземете тука [врска].

Заштита и благосостојба на животните за време на контрола на болест

При колењето и убивањето на животни заради контрола на болест кај животните, убивањето и кога е можно колењето на животните треба да биде направено под услови и со методи со кои се обезбедува благосостојбата на животните.
Колењето и убивањето на животните од став се врши согласно акциски план изготвен од страна на Агенцијата. Благосостојбата на животните за време на убивањето и колењето на животните е предвидена и при изготвувањето на Плановите на итни мерки за сузбивање на болести од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Контролни листи за контрола на кланици

Контролните листи за одобрување и контрола на кланиците може да ги преземете тука [врска].