Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

 
Чума кај мали преживари

 

Упатства и процедури

 

ADC-FSS

Почна четвртата фаза од регионалната кампања за одговорно сопствеништво “Биди неговиот херој”

14.03.2019

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, денес од Охрид, ја почна реализацијата на четвртата фаза од едукативната кампања за одговорно сопствеништво која под мотото “Биди неговиот херој” која од 2016 година се реализира како дел како дел од регионалната кампања на Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ за подигнување на јавната свест за одговорното сопствеништво.

Комисијата за заштита и благосостојба на животните одржа работен состанок

13.03.2019

Комисијата за заштита и благосостојба на животните која врз основа на Законот за заштита и благосостојба на животните ја формира Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера одржа работен состанок на кој беше подготвен и разгледан нацрт текст на Правилникот за регистрација на сопствениците на куче, одгледувачниците и продавниците на домашни миленици.

Презентирани новите процедури на стекнување статус слободно одгледувалиште од болеста трихинелоза

10.03.2019

На барање на комерцијалните свињарски фарми од земјава, денес во Агенцијата за храна и ветеринарство се одржа работен состанок со одгледувачите на овој вид добиток на кој беа презентирани новите процедури кои ги подготви Агенцијата а кои се однесуваат на стекнување на статус слободно одгледувалиште од болеста трихинелоза. Станува збор за сет на документи кои ги подготви Агенцијата кои се во насока на зајакнување на конкурентноста на домашните одгледувачи на свињи, но и за унапредување на меѓународната трговија со свинско месо и производи од свинско месо.

Одржан првиот состанок на новиот проект на АХВ

08.03.2019

Вчера во Агенцијата за храна и ветеринартсво се одржа првиот состанок на Управниот Комитет на проектот ,,Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи,,.

Активно се работи на подготовка на првото законско решение за донирање храна

06.03.2019

Дефинирање на надлежностите на сите надлежни институции кои ќе го креираат законското решение за регулирање на донирањето на вишоците храна од операторите преку интензивирање на соработката на невладините организации кои непосредно ќе бидат вклучени во дистрибуцијата на храната до крајните корисници. Ова се дел од заклучоците од денешниот работен состанок на работната група за изработка на Законот за донирање на вишокот храна кој се одржа во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како институција координатор на овој процес.

 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA