Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, денес ги посетија реновираните простории на подрачните единици на Министерството и Агенцијата и Градскиот пазар во Битола каде финишира реконструкцијата.
АХВ со сет на мерки за сточарите за заштита од африканска свинска чума
Заради елиминирање на ризикот од појава и ширење на болеста африканска чума кај свињите во земјава, имајќи ја во предвид епизотиолошката соостојба со болеста во регионот каде е потврдено нејзиното присуство, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение со сет на мерки кои треба да ги применуваат одгледувачите на свињи во држава за да се заштитат.
Со ЕУ искуства се прошируваат и знаењата за контрола на нус производите и додатоците во храната
Во рамки на проектот Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системиКОЈ Агенцијата за храна и ветеринарство го реализира со поддршка од Европската унија, на 8, 12 и 14 април реализирани беа обуки на тема официјални контроли за нус производи од животинско потекло (НПЖП).