Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Поради се поинтензивната дива продажба на храна и додатоци во исхраната на интернет, најчесто преку социјалните мрежи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  апелира до граѓаните да бидат свесни и одговорни потрошувачи кога пазарат преку интернет.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се повлекува небезбеден производ – БИО КАКАО во прав 200 гр, поради присуство на кадмиум над дозволените количини.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот производ – VIPA Ggrill Chips поради присуство на акриламид.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) активно е вклучена во подигнувањето на свеста за ризиците по здравјето и на животните и на луѓето, но и уништувањето на животната средина предизвикани од отпорноста кон антибимикробните средства.
Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните за Европа – WOAH, вчера во Брисел, Белгија, учествуваше на министерската конференција за здравје на животните - “Биосигурност и вакцинација основни алатки за превенција, контрола и ерадикација на болестите кај животните”.
Биосигурносните мерки на фармите и одговорното сопствеништво најголема превентива за болеста

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот произв

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведуваат засилени контроли кај операторите со храна пред претстојните новогодишни и божиќни празници. Се проверува дали и колку  се исполнети општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама.
ЕФСА редовно организира тренинг активности (вежби) за подготвеност при кризи и поврзани активности за планирање, како да се одговори на можни итни ситуации. Бидејќи кризите неможе да се ограничат во границите на ЕУ, од клучно значење е да се вклучат претпристапните ЕУ земји во таквата вежба за подготвеност.
Подигнувањето на свеста за ризиците по здравјето и на животните и на луѓето, но и девастирањето на животната средина предизвикани од отпорноста кон антибимикробните средства, е тема на која континуирано работиме, како институција промовирајќи добри практики за нивна рационална употреба, со единствена цел, ограничување на појавата и ширењето на отпорни микроорганизми.