Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, денес, во Париз, Франција реизбран е за Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните - WOAH за Европа, со мандат од 3 години.

Би сакале да ве информираме дека EFSA и нејзините партнери во ЕУ земији членки и ЕУ земји кандида

Се отповикува следниот производ: Сладолед во корнет "SUNDAY  CONES" - VANILA & COKOLADA 6X720 ml
Сертификациското тело Quality Austria по трет пат и го додели меѓународниот сертификат за управување со квалитет на Агенцијата за храна и ветеринарство за воспоставениот Систем за квалитет, согласно барањата на стандардот ИСО 9001 : 2015.
Операторот со храна ТД Нелт СТ ДООЕЛ, врши отповикување на небезбеден производ Милка Орео 37гр.
Операторот со храна КС ГРОУП ДОО, врши отповикување на небезбеден производ Dragon Superfoods/IN SHAPE MIX
Целокупниот аудит ги опфати сите барања на стандардот, почнувајќи од системските  процеси  на преиспитување на врвното раководство, контекстот на Агенцијата преку влијание на надворешни и внатрешни фактори и заинтересирани страни, оперативните ризици во процесите преку FMEA методологија, управувањето со документацијата во системот, елементите на интерна проверка и дефинирани неусогласености, анализа на задоволство на корисниците на услуги,  како и мерките за континуирано подобрување.
Ако малите свињарски фарми не ги сфатат сериозно препораките за преземање на соодветните мерки против африканска чума, земјава може да остане без свинско месо, предупредија денеска учесниците на обуката „Мисија за одржлива техничка помош (STM) за африканска свинска чума во Северна Македонија”

Би сакале да ве информираме дека EFSA ја објави 15-тата епизода од подкастите на EFSA за соработк

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ – СУРОВИ ГОРЧЛИВИ СЕМКИ ОД КАЈСИЈА поради присуство на цијановодородна киселина.