Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денес отстапи на користење уште две автоматски прскалки за дезинфекција на возила на Министерството за внатрешни работи и Царинската управа на Република Северна Македонија, како дел од институционалните активности за поддршка на реализацијата на мерките на Владата во борба со Корона вирусот
Заштитете го здравјето на Вашите вработени, согласно со препораките за заштита од Kорона вирусот. Со тоа ќе овозможите соодветно да се одржи производството и прометот со храна во време на пандемијата, кога храната претставува најзначаен производ на пазарот.
Во услови кога поради воведените мерки од Владата на Република Северна Македонија за справување со вирусот КОВИД 19, поголемиот дел од граѓаните се дома и подготвуваат храна во домашни услови, Агенцијата за храна и ветеринарство потсетува на “ 5-те клучеви до побезбедна храна”. 
Операторите со храна ги почитуваат општите хигиенски барања при манипулацијата со храна, а нема отстапки ниту во поглед на спроведувањето на пропишаните превентивни и мерки за заштита од страна на Владата. Ова го констатираа инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кои од 16-ти овој месец спроведуваат засилени контроли како дел од мерките за справување со корона вирусот во земјава.
До Одделението за заштита на потрошувачите при Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) последните три дена се поднесени девет претставки чии наводи се однесуваат на актуелната состојба со корона вирусот и непочитувањето на некои од донесените мерки на Владата.
Пазарете во најблиските продавници, бидејќи со тоа го ограничувате и скратувате времето на движење надвор од домот. Задржете се што пократко во продавницата, со тоа што ќе направете список дома за вашите потребни намирници и  така ќе го скратите времето на престој во продавниците за храна.
Како општествено одговорна институција, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) постапи по заклучокот на Комисијата за контрола на заразните болести на Дирекцијата за заштита и спасување и отстапи на користење две автоматски дезинфекциони прскалки за возила. Станува збор за опрема за вршење на автоматска дезинфекција на возила кои се поставени на влезот и излезот на општините Дебар и Центар Жупа, каде неодамна, поради состојбата со вирусот КОВИД 19, беше прогласена кризна состојба.
Врз основа на епидемиолошката состојба со болеста КОВИД 19 кај луѓето, мерките на Владата на Република Северна Македонија и препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, со цел  спречување на нејзино ширење, заради создавање на услови за безбеден и непречен проток на стоки и животни, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе сет на безбедносни мерки. На целата територија на земјава, забранета е работата на добиточните пазари и собирните центри.
Процедури за утовар/растовар и превоз на стока во меѓународниот и внатрешниот превоз
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засилија контролите кај операторите со храна кои вршат онлајн – трговија и достава врз основа на телефонските нарачки на граѓаните.