Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до одгледувачите на живина на целата територија на државава да ја исполнат законската обврска и согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните, да се обратат до најблиското ветеринарно друштво и да ја вакцинираат живината и гулабите против болеста Њукастел. 
Во пресрет на најавеното  укинување на дел од мерките и ограничувањата донесени поради епидемијата на вирусот КОВИД 19 и разгледување на можноста од страна на Комисијата за заразни болести за повторно отворање и работа на угостителските објекти, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви сет на препораки [ВРСКА] за организирање на работата на угостителите во услови на пандемија со корона вирусот.
ПРЕПОРАКИ НАМЕНЕТИ ЗА РАБОТА НА БИЗНИС ОПЕРАТОРИТЕ СО ХРАНА ВО УСЛОВИ НА ПРИСУСТВО НА И МОЖНА ИНФЕКЦИЈA СО КОВИД -19 - угостителска дејност, угостителски објекти за исхрана, како и угостителски објекти за сместување во кои што се подготвува и послужува храна за гостите
Околу 18 милиони евра потрошила државава од 2008 година досега за справување со бруцелозата. Болеста кај добитокот се уште ја има, но, пристапот на сузбивање е сменет поради што се очекува максимално прочистување, па и целосно искоренување.
Повеќе од 85 тони небезбедна храна уништија инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и операторите за храна од јануари до март годинава. Најголемиот дел небезбедна храна, односно 68 541 килограми ги повлекле самите оператори согласно имплементираните HACCP планови, додека инспекторите за храна и официјалните ветеринари, како небезбедни уништиле 17 173 килограми храна.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) бара од сопствениците на угостителски објекти пред најавата дека е можно од следната недела некои од нив да бидат отворени да спроведат дезинфекција и чистење на опремата и на површините за обработка на храна и да го дезинфицираат целиот објект.
Со повеќе од 246.000 случаи кај луѓето на годишно ниво, кампилобактериозата претставува најчесто пријавувана болест на ниво на Европската унија која се пренесува преку храната. Согласно најновите проценки, на ниво на ЕУ системите за јавно здравје годишно трошат приближно 2,4 билиони евра за справување со кампилобактериозата.
Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение со кое од денес се отвораат за работа добиточните пазари на целата територија на земјава. Пазарите беа затворени на 20 март годинава, како дел од превентивните мерки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширење на болеста КОВИД 19 кај луѓето.
Решение за отворање на добиточните пазари
Грант од ЕУ, вреден 540.740 евра, доби земјава за борба против африканската свинска чума. Договорот го потпиша Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), која беше иницијатор на поддршката уште во август минатата година. Според Договорот потпишан на 24 април, АХВ до крајот на 2020-та ќе треба да ги реализира планираните активности со кои аплицираше, а средствата потоа ќе и бидат рефундирани.