Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), втора година е носител на националните активности од регионалната кампања на ЕФСА за подигнување на јавната свест и поддршка на земјите во преземање на мерки за спречување  на појавата и ширењето на Африканската чума кај свињите. Годинашнава кампања, покрај во Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, кои ЕФСА во 2019 година ги идентификуваше како “засегнат регион” поради нивната географска близина со земјите во кои е присутна оваа болест, ги вклучи и Бугарија, Република Чешка, Литванија, Летонија, Полска, Словачка, Естонија, Унгарија и Романија.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство им го честита празникот Курбан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповест и повикува на совесно и безбедно празнување. Најавува дека во наредниве денови ќе се интензивираат контролите во кланиците и во делот на спречување на нелегално колење жив...
Унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија на полето на безбедноста на храната из здравствената заштита и благосостојбата на животните, договорија на денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски со високи претставници од секторите за безбедност на храна, здравствена заштита и благосостојба при Министерството за земјоделство и рурален развој  и Директоратот за безбедност на храна на Република Албанија.

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, пред претстојниот голем муслима

Со цел унапредување на соработката во делот на лабораториските анализи од областа на безбедност на храната, како и подобрување на трговската размена на македонските и српските месни производи, денес, 16 јули 2021, Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-н Николче Бабовски, беше домаќин на делегацијата од Република Србија...
Првите луѓе на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски и на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта - “Македонијапат”, Беким Мемеди, денес потпишаа меморандум за соработка меѓу двете институции.
Агенцијата за храна и ветеринарство, на предлог на Кабинетот на Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции е дел од ИПА проект со кој ќе бидат дигитализирани  неколку услуги кои АХВ ќе ги реализира електронски преку Националниот портал на е-услуги.
Во ек на летната туристичка сезона, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат вонредни, засилени контроли на операторите со храна во туристичките центри во земјава. Во изминативе три дена, спроведени се вонредни контроли во Охридско - Струшкиот регион и во Дојран.
Креирање на протокол за меѓудржавна регионална соработка и комуникација во контролата и сузбивањето на прекуграничните болести како што се синиот јазик и беснилото, преку размена на искуства и информации, со цел нивно ефикасно спречување и контрола, се дел од темите на кои вчера и денес, со високи претставници од Европската Унија и Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ, во Петровец, Република Црна Гора, дискутираа првите луѓе на ветеринарните служби на Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и соседна Србија.
Николче Бабовски, директорот на АХВ, во изјава за Агротим вели дека Агенцијата за храна и ветеринарство како институција прави сѐ што е во нејзина можност за граѓаните на нашата држава да консумираат безбедна храна.