Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одржана Експертска работилница: Training Workshop on the ImproRisk model, 19-20 Oктомври 2023, Ларнака, Кипар

30.10.2023
Training Workshop on the ImproRisk model

На покана од Министерството за здравство на Кипар (Националната лабораторија на Кипар), а во соработка со Европската Агенција за безбедност на храна (ЕФСА), на Експертска работилница: Training Workshop on the ImproRisk model, од Агенцијата за храна и ветеринарство активно учество зема и д-р Виктор Арсов од Секторот за проценка и комуникација на ризик.

Тема на самата обуката беше проценка на експозиција, проценка на ризик, анализа на ризик, статистичка обработка на податоци, моделирање, совладување и апликација на статистички софтвер за проценка на експозиција на хемиски контаминенти во храна- ImproRisk Model, развиен од експерт(и) за проценка на експозиција од Министерството за здравство на Кипар.

На обуката беше презентиран статистичкиот софтвер/модел за проценка на експозиција, како и неговото користење и методологија на проценка на експозиција. Моделот овозможува внесување на податоци за јавувањето/концентрацијата на хемиските контаминенти во прехранбени производи/категории на храна според FoodEx2 кодификација, до 7 нивоа, по различни популациони класи, со конкомитантно внесување на податоците за потрошувачката на прехранбени производи од популациони студии спроведени на национално ниво со примена на референтни вредности и референтни точки, во зависност од тоа дали агенсот е генотоксичен/карциноген и калкулирање на хронична и акутна диететска проценка на експозиција со користење на Сеопфатната база на потрошувачка на ЕФСА (EFSA Comprehensive Consumption Database). Сумарната статистика на експозицијата овозможува приказ на минимална, максимална вредност, просек, стандардна девијација, интервал на доверба 95%, перцентила P25, медијана, P50, P75, P95, маргина на експозиција (за просек и 95-та перцентила) во однос на три можни сценарија: долна граница (LB), средна граница (MB) и горна граница (UP) за диететски внес изразен во µg/kg телесна тежина на ден, во однос на пол, регион, популациона класа и нивни комбинации/пермутации со графички приказ на пробабилистичка и кумулативна дистрибуција. Овозможува и калкулација со графички и табеларен приказ на придонесот на различните прегранбени производи/групи на храна во тоталната диететска експозиција. Софтверот при калкулација и екстраполација на статистичките резултати ги зема во предвид и лево-цензурираните податоци. Во диететската експозиција квалитативно се евалуираат и различните несигурности. На обуката практично на лаптопи беа вежбани од сите експерти симулациски проценки на експозиции од неоргански арсен, кадмиум, акриламид и циперметрин со генерирање/експортирање на документи.

На обуката беа предочени моменталните институционални ограничувања во однос на расположливите национални податоци во Р.Северна Македонија, за проценка на експозиција од хемиски контаминенти во храна, како и корисноста којашто би ја имал Секторот за проценка и комуникација на ризик и Агенцијата за храна и ветеринарство од користење на софтверот, како би можеле да придонесеме на национално ниво во однос на експозицијата и проценката на ризик од хемиските опасности/контаминенти во храната во ЕФСА и другите национални авторитети за безбедност на човековото здравје од (хемиски) опасности поврзани со безбедноста на храната. 

Самата работилница представуваше и можност за запознавање со актуелните европски состојби на ова поле и развивање на понатамошна соработка помеѓу европските институции и АХВ.


 

Ознаки
Категорија