Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

На барање на Европскиот парламент, Европската агенција за безбедност на храна иницираше развој на холистичка проценка на ризик за повеќе фактори кај пчелите кои се чуваат за производство на мед. За таа цел, креиран е системски заснован пристап кој е составен од две основни компоненти: систем за следење и систем за моделирање, при кој како пример се земаат пчелите кои се чуваат за производство на мед.
Во 2020 година, резолуцијата со наслов „Зајакнување на напорите за безбедност на храната“(Strengthening efforts on food safety) беше усвоена од 73то Светско собрание за здравство (73rd World Health Assembly). 
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес ги доби резултатите од лабораториските испитувања на земените мостри храна (јајца, мајонез и пилешки гради) од кујната на детската градинка Ангел Шајче од Куманово, каде пред неколку дена беше пријавен сомнеж за труење со храна
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, денес ги посетија реновираните простории на подрачните единици на Министерството и Агенцијата и Градскиот пазар во Битола каде финишира реконструкцијата.
Во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат засилени контроли во производството и прометот.
Заради елиминирање на ризикот од појава и ширење на болеста африканска чума кај свињите во земјава, имајќи ја во предвид епизотиолошката соостојба со болеста во регионот каде е потврдено нејзиното присуство, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение со сет на мерки кои треба да ги применуваат одгледувачите на свињи во држава за да се заштитат. 
Во рамки на проектот Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системиКОЈ Агенцијата за храна и ветеринарство го реализира со поддршка од Европската унија, на 8, 12 и 14 април реализирани беа обуки на тема официјални контроли за нус производи од животинско потекло (НПЖП).
Гаранција за координираност и соработка на институциите на полето на спречување на измамите со храна во рамки на официјалните контроли, е клучна за фукционирање на системот, кој покрај заштитата на здравјето на потрошувачите треба да обезбеди и заштита на нивните права.
Агенцијата за  храна и ветеринарство го ресертифицираше Системот за квалитет и од страна на Quаlity Austria по трет пат го доби сертификатот за управување со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за храна и ветеринарство денеска потпишаа Меморандум за соработка, во врска со рекламирање, телешопинг, пласирање производи и спонзорство за храна и додатоци во исхрана во програмите на радијата и телевизиите, особено во поглед на здравствените и нутритивни тврдења, за тврдењата за намалување на ризикот од болест и за измамите поврзани со храна.