Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Околу 100 килограми небезбедна храна запленија и уништија утрово инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор  на пазарот за стари работи познат како бувљак, во скопската  населба Маџари.
Гостин во Тема на денот на јавниот сервис професор Игор Џаџовски од Факултетот за ветеринарна медицина, раководител на Националниот институт за ветеринарство и храна.
Членовите на Локалниот центар за контрола на болести, официјални ветеринари и претставници на институции со кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соработува во услови на криза, денес во Штип, беа дел од учесниците на првата од серијалот трибини за превенција на болеста чума кај малите преживари
Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), ги доби резултатите од анализираните мостри вода земени на 18.10.2024 година во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор во водоснабдителниот објект - фабрика за вода на ЈКП “Комуналец” Струмица.
По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и поставен сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца (Птичји грип), по лабораториско тестирање на угинатата птица, со лабораториски резултат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, од 18.10.2024 година, потврден случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1.
Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ)  во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети. 
Глобалната церемонија за одбележување на Светскиот ден на храната се одржа на 16 октомври 2024 година во седиштето на ФАО во Рим, при што учесниците ја истакнаа потребата од универзален пристап до доволно разновидна, нутритивна, достапна и безбедна храна.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на почетокот на овој месец спроведе вонредни контроли во игротеките во земјава.
Почитувани, ЕФСА бара искусен службеник во делот на соработка (engagement)/надворешни односи или научник со докажано искуство во соработка и/или надворешните односи за да се приклучи на Одделението за соработка и надворешни односи- Engagement and External Relations Unit (ENREL) како Упатен национален експерт- Seconded National Expert.
Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) ги доби резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри вода од гостиварскиот водоводен систем кои ги изврши Институтот за јавно здравје Скопје, во рамки на вонредниот инспекциски надзор на АХВ на 05.10.2024 година.