Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

Успешно заокружен проект '' Градење на капацитетите на надлежните институции за безбедност на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика ''

11.12.2015
Современо водење и управување на службите за безбедност на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика, како и изготвување на голем број имплементивни документи, прирачници и контролни листови за подобрување и унифицирање на работата на инспекциските служби се дел од спроведените активности од проектот „Јакнење на институционалните капацитети за безбедност на храната и фитосанитарната политика“.

Сопствениците на зајаци, глувци и глодари да пријават сомнеж за туларемија кај надлежниот ветеринар

02.12.2015
Првите симптоми кај луѓето кои вообичаено настапуваат за 3 – 5 дена се ненадејна треска и грозница, отечени и болни жлезди, главоболка, повраќање и дијареа, болки во мускулите и зглобовите, сува кашлица, малаксаност. Може да се јават и рани по кожата и устата, воспалено грло, отеченост и болка на очите или на жлездите на вратот како и под пазувните жлезди.

АХВ подготви едукативни постери за да спречи диво и незаконско тргување и колење на добиток

17.09.2015
Агенцијата за храна и ветеринарство подготви и испечати информативни двојазични постери (македонско-албански и македонско- турски јазик), наменети за одгледувачите на добиток и за граѓаните, кои во пресрет на муслиманскиот празник Курбан Бајрам планираат да продаваат или да купат добиток.

Мигрантите добиваат безбедна хуманитарна помош во храна

05.09.2015
Агенцијата за храна и ветеринарство е во постојана, секојдневна комуникација и координација со Центарот за управување со кризи и ресорните министерства за здравство, за внатрешни и надворешни работи, со Царинската управа на Македонија и другите надлежни институции, како и со невладините организации вклучени во давање помош и делење на хуманитарна помош во храна за мигрантите.

Презентирани првичните оценки од контролите на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација

16.07.2015
Еден од приоритетите на државата е максимално искористување на капацитетите и воспоставување на фарми со доволен број добиток со цел да се обезбедат потребите на месната и млечната индустрија кои ќе ги исполнат условите за извоз на рускиот пазар. Обезбедувањето домашна суровина за месната индустрија, ќе се развива етапно, со цел да се задоволат потребите на домашниот пазар и да се произведат доволни количини и за извоз – потенцира тој.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA