Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Врз основа на лабораториски наод од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство потврди присуство на високо патогена авијарна инфлуенца (птичји грип) во некомерцијално одгледувалиште во населеното место Градец, општина Виница, каде како миленици се одгледувале фазани, пауни, лебеди и потполошки.
Од пазарот се повлекува небезбедна серија млеко
Од полиците се повлекуваат 20 тони од УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, со сериски број/лот- LOT FD04, датум на производство 05.10.2022 и рок на употреба 04.03.2023, увезено од Босна и Херцеговина кое во целокупната количина е пласирано на пазарот, поради утврдено присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на килограм, колку што е дозволено со нашите прописи...
Бабовски учесник на 85 Советодавен форум на ЕФСА
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, вчера и денес во Прага, Република Чешка, учествува на 85 состанок на Советодавниот форум на Европската Агенција за безбедност на храната – EFSA на кој беа разгледани голем број теми од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните.