Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

 
ADC-FSS

Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди

04.03.2025
Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови на интензивирање на трговијата со овошје и зеленчук, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на контроли на пратките со овој вид на производи кои се увезуваат во земјава, од сите држави.

Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо

27.02.2025
Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска

Високи позитивни оценки за воспоставениот Систем за квалитет на АХВ

25.02.2025
Агенцијата за храна и ветеринарство вчера доби високи позитивни оценки за воспоставениот Систем за квалитет, согласно барањата на стандардот ИСО 9001:2015, по што сертификациското тело Quality Austria ја продолжи важноста на доделениот сертификат за управување со квалитет.

Кодекс стандардите презентирани пред операторите и производителите на храна

19.02.2025
Во услови кога се заоструваат безбедносните критериуми за производство и трговија со храна, во европски и во светски рамки, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како орган на државната управа одговорен за безбедноста на храната, има обврска да ги следи овие трендови, а новините во европските регулативи за безбедност на храната да ги преточува и прилагодува во националното законодавство

АХВ постапи по поднесените претставки за мачење на коњ

15.02.2025
По објавено видео на социјални мрежи на кое се гледа како неколку лица  мачат животно- коњ како и по иницијативи од граѓани и невладини организации,  по обезбедување  идентификација за лицето сопственик на животното од  Одделот за криминалистика при Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе инспекциски надзор кај идентификуваното лице.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA