
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, одржа работен состанок со претставникот за економија и трговија на Белгиската амбасада и првите луѓе на специјализираната лабораторија за анализи во областа на безбедноста на храната Приморис Белгија. Компанијата го изрази интересот за проширување на нивните активности и во Република Северна Македонија и воспоставување на повисоко ниво на соработка со бизнис операторите од земјава и со Агенцијата за храна и ветеринарство.
АХВ активно вклучена во контролата и на органските производи
Производителите на органска храна да преземат конкретни чекори за поголема конкурентност, првенствено со вложување во современи технологии, зашто државите во регионот интензивно работат на развојот и се далеку пред нас, е пораката од тркалезната маса „Развојни трендови во земјоделскиот сектор во ЦЕФТА-регионот - Основа за поголема конкурентност на пазарот на ЕУ“, што се одржа денеска во Стопанската комора на Македонија, на која учествуваше и директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.
Нова опрема и возила за осовременување на работењето на инспекторите на АХВ
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски очекува во наредниот период најмалку двојно да се зголеми ефективноста и ефикасноста во работењето на институцијата.Тоа, како што кажа, го овозможува донацијата од Европската унија во опрема и возила во вредност од околу еден милион евра, чие официјално примопредавање беше извршено денеска.
Агенцијата за храна и ветеринарство стана член на Извршниот комитет на Европската комисија за контрола на болеста Лигавка и шап
Eвропската комисија за контрола на болеста Лигавка и шап (EuFMD) - една од најстарите комисии на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО, на 42- та седница на Генералното собрание коja се одржа од 20 до 21 април годинава, по 11 годишно членство на Република Северна Македонија во оваа Комисија, ја избра Агенција за храна и ветеринарство за член на Извршниот комитет на Комисијата за период од наредните две години.