Комуникација и соработка од интерес на Агенцијата за храна и ветеринарство како државна институција и холандските оператори увозници на храната договорија не денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и Андри ван Менс, заменик амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.
На состанокот беше разгледана и можноста за интензивирање на идната билатерална соработка и вклучување на Агенцијата во реализација на нови идни заеднички проекти со Кралството Холандија, кои ќе бидат основа за интензивирање на трговијата меѓу двете земји и подигнување на нивото на безбедност на храната уште повисок ниво.
Во таа насока акцент во разговорите беше ставен на можноста за побрз трансфер на информации за условите за увоз на храна и животни и новините во законската регулатива од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните до холандските оператори.