Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Миланов се обрати на научната манифестација „Денови на ветеринарна медицина 2024“
“Науката и примената на современата научна мисла и обезбедувањето на соодветна регулаторна рамка за научните институции е во фокусот на Агенцијата, во рамки на обврските кои ги имаме како институција и од областа на јавното здравство, а со тоа и во вршењето на основната функција – заштита на здравјето на граѓаните. Креирањето на политики и нивно имплементирање на терен претставуваат императив и за нашата институција...
Од пазарот се повлекуваат серии од производите Кексичи како перелив и Најлепше жеље кукис ноисет
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера, од компанијата Атлантиц траде Скопје Доо Илинден доби известување дека поради можност за присуство на надворешно тело, од пазарот ги повлекува следниве производи:
– 280766 Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 со рок на траење 11.05.2025
– 281061 Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391 со рок на траење 11.05.2025.
Производител на производите кои се повлекуваат според известувањето е Атлантик Штарк доо Белград, Република Србија.