Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Целокупниот аудит ги опфати сите барања на стандардот, почнувајќи од системските процеси на преиспитување на врвното раководство, контекстот на Агенцијата преку влијание на надворешни и внатрешни фактори и заинтересирани страни, оперативните ризици во процесите преку FMEA методологија, управувањето со документацијата во системот, елементите на интерна проверка и дефинирани неусогласености, анализа на задоволство на корисниците на услуги, како и мерките за континуирано подобрување.
Бабовски учесник на министерската конференција за здравје на животните во Брисел и дел од прославата на 100 годишнината од основањето на WOAH
Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните за Европа – WOAH, вчера во Брисел, Белгија, учествуваше на министерската конференција за здравје на животните - “Биосигурност и вакцинација основни алатки за превенција, контрола и ерадикација на болестите кај животните”.