„Коалиција против ГМО“ неосновано шири невистини за ГМО храната
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира наводите од денешното соопштение на неформалната група граѓани и организации „Коалиција против ГМО“ во врска со изјавите на директорот на АХВ Зоран Атанасов дадени во емисијата Отворено студио на ТВ 1, во врска со ГМО храната. Како одговорна институција за безбедноста на храната, ја информираме јавноста дека сите наводи изнесени во соопштението се невистинити и голем дел се однесуваат на надлежности на други институции, а не на Агенцијата за храна и ветеринарство.