Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Демант: Паушална е оценката дека нeмa напредок во евро - интерграциите за поглавјето 12

31.05.2019
Демант: Паушална е оценката дека нeмa напредок во евро - интерграциите за поглавјето 12

Неиздржана и паушална е изјавата на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, дадена на денешната прес конференција со која свесно манипулирасо јавноста обидувајќи се да ја маргинализира оценката дадена од страна на Европската комисија (ЕК) за Поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фито-санитарна политика. Согласно Извештајот на ЕК за 2015 и 2016 за Поглавјето 12, дадена е генерална оцена дека: Земјата има одредено ниво на подготвеност во областа на безбедност на храна, ветеринарнарство и фитосанитарна политика. Постигнат е одреден напредок во оваа област.

Имајќи ја превид утврдената методологија на ЕК за оценување на напредокот во процесот на евроинтеграциите, ваквите оцени дадени во 2015 и 2016 та, се многу пониски во споредба со 2017 и 2018 година. Евроинтергативниот процес во 2015 и 2016 година беше маргинализиран и сведен на спроведување на минимални активности.

Од таа причина, во текот на 2017 година беше потребен дополнителен напор за постигнување на соодветно ниво на усогласеност на Европското законодавство и негово спроведување.

Уште во февруари годинава, на состаноците на експленаторниот скрининг одржан со претставници на Европската комисија, Агенцијата за храна и ветеринарство доби јавно признание за постигнатиот напредок во последните 2 години, посебно во проблематичните области, како што се функционален систем за идентификација и регистрација и спроведување на мерки за здравствена заштита на животните.
Во однос на фитосанитарната политика, каде оценките на ЕК беа критично ниски во изминатите неколку години, на последниот состанок на Поткомитетот за земјоделство и рибарство, Европската комисија истакна дека е постигнато значително подобрување на состојбата и во оваа област.

Категорија