Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Препораки за подобрување на мониторингот кај инфекцијата предизвикана од SARS-CoV-2 (coronavirus) кај феретки и другите животни од фамилијата мустелиди

23.02.2021
Препораки за подобрување на мониторингот кај инфекцијата

По епидемијата предизвикана од SARS-CoV-2 на фармите со феретки низ цела Европа во 2020 година, Европската комисија побара од Европската агенција за безбедност на храна и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) да подготват научен извештај во кој ќе предложат повеќе опции за подобрување на стратегиите за мониторинг, кои ќе помогнат во контролата на ширењето и спречувањето на SARS-CoV-2 вирусот кај животните од фамилијата мустелиди (Mustelidae). Во оваа фамилија припаѓаат феретките, видрата, јазовецот, ласицата и други животни. 

Од почетокот на јануари 2021 година, откриено е дека вирусот е присутен на 400 фарми во осум земји во ЕУ/ЕЕА - 290 во Данска, 69 во Холандија, 17 во Грција, 13 во Шведска, три во Шпанија, две во Литванија и по една во Франција и Италија. Годишно, на светско ниво, повеќе од 50 милиони феретки се одгледуваат за нивното крзно, најмногу во Кина, Данска, Холандија и Полска.

Експертите кои учествуваа во поготовката на овој научен извештај, препорачуваат раното откривање на инфекциите предизвикани со SARS-CoV-2  кај феретките да биде приоритетна цел во спроведувањето мониторинг на активностите на фармите со феретки во Европската унија.

Заклучокот е дека сите фарми каде се одгледуваат феретки треба да се сметаат за изложени на ризик од инфекциите предизвикани со SARS-CoV-2  и дека мониторингот треба да вклучува повеќе активни мерки како што се тестирање на животните и персоналот, како дополнување на пасивниот надзор од страна на фармерите и докторите по ветеринарна медицина.

SARS-CoV-2 се шири многу брзо во фармите каде се одгледуваат феретки, преку директен и индиректен контакт. Големата густина на населеност на животните во објектите создава неповолна микроклима која придонесува до зголемување на можноста за пренесување на вирусот.

Здравјето на човекот може да биде изложено на ризик од мутиран вирус, но досега нема научни докази дека овие мутирани вируси се преносливи или предизвикуваат посериозно влијание во споредба со другите циркулирачки мутации на вирусот SARS-CoV-2.

Што се однесува до ризикот по здравјето на животните, предизвикан од инфекција со SARS-CoV-2, видовите животни кои можат да бидат вклучени во плановите за мониторинг се американската феретка, творови, мачки, ракуни, белоопашестиот елен и потковичестите лилјаци (Rhinolophidae).

Целиот текст на научниот извештај може да се прочита на следниот линк:

 

Ознаки
Категорија