Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Претходната недела во медиумите проструи информација дека во соседна Грција во областа Мала Преспа потврден е случај на птичји грип откако беше пронајден голем број на мртви пеликани. Тоа пак веднаш го подигна алармот и кај соседните земји, и кај нас во Македонија.
Агенцијата за храна и ветеринарство  во соработка со проектот „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан“, утре, вторник, 15.03.2022 година и во среда, 16.03.2022 година, во Велес, ќе одржи симулациска вежба за искоренување на болеста Чума кај мали преживари.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес, со Благој Димитров, управител на Друштво за градежништво,трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО Скопје, го потпиша договорот вреден 515.202.937,62 денари, за изградба на новата административна зграда со лабораториски простории на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Инструментот на Европската комисија- ТАЕКС (Техничка помош и размена на информации), оваа година одбележува 25 години од неговото воспоставување.
Поради позитивната епидемиолошка состојба со болеста африканска чума кај свињите, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение со кое олабавуваат мерките за заштита од вирусот. Се укинуваат заштитната ( 3 км)  и зоната под надзор (10 км) околу двете жаришта во Делчевско, каде, во координација и соработка со локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, ветеринарните друштва и одгледувачите на свињи, со цел спречување на ширење на вир...
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес одржа работен состанок со претставници на Ветеринарната комора на кој беа разгледани иницијативите на Комората за намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за ветеринарните услуги и за зголемување на нивните цени, за активностите кои се од јавен интерес, а кои ги спроведуваат ветеринарните друштва.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од лабораториските испитувања на Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со кои кај мостра од дива птица – корморан, од Штипско, е потврдено присуство на болеста авијарна инфлуенца (птичји грип).
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Институтот за јавно здравје го спроведе проектот „Поддршка за национални истражувања во исхраната во сообразност со методологијата на ЕУ Мени (шеста поддршка) – Истражувања кај деца“. Истражувањето спроведено согласно европската методологија и прво од овој вид во Република Северна Македонија обезбеди база на точни и веродостојни податоци за навиките во исхраната на деца на возраст од една до девет години.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги отфрла неоснованите обвинувања на Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство на ВМРО ДПМНЕ изнесени на денешната прес конференција, во која обвинува дека Агенцијата за храна и ветеринарство дозволила увоз на пилешко месо и производи од месо од Република Словенија во време кога во таа земја е потврдено присуство на  болеста птичји грип. 
Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува бизнис операторите и граѓаните, дека согласно добиената нота од Амбасадата на Мексико во Белград, преку Амбасадата на Република Северна Македонија, поради добиената потврда од Светската организација за здравје на животните - (OIE), за појава на болеста африканска чума кај свињите во Република Северна Македонија...