Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Aгенцијата за храна и ветеринарство ги исклучува овие видови животни од кампањата и за нив нема да се врши исплата...
Постапката за формирање Комисија за заштита и благосостојба на животните согласно Соопштението, се става во мирување до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скоп...
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија објавува соопштение за покажување на интерес за именување на пет члена од редот на истакнати стручни и научни лица од областа на заштитата и благосостојбата на животните и едно лице претставник на невладините организации заради формирање Комисија за заштита и благосостојба на животните.
Тековните податоци покажуваат дека ниту храната ниту пак пакувањето на храната не претставуваат опасност за ширење на вируси кои предизвикуваат респираторни заболувања, вклучително и SARS-CoV-2. Со други зборови, SARS-CoV-2 не претставува директна закана за безбедноста на храната...
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека операторот со храна АЛМА М  ги отповикува следните небезбедни произв...(отворете за повеќе информации)
Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство постапи по добиената нотификација со број 2021.3720  за увоз на небезбедни производи во земјава и спроведе инспекциска контрола кај двајца увозници на кремови за готвење и бази за сладоледи од Струга и Струм.... (отворете за повеќе информации)
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповик... (отворете за повеќе информации)
Со промоција на две кампањи - за подигнување на јавната свест за значењето на означувањето на храната, со фокус на здравствените тврдења и за подобрување на пасивниот надзор над болеста беснило, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес го одбележа завршувањето на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи”. Проектот вреден 1,6 милиони евра се реализираше изминатите две години во рамки на ИПА 2015, со финансиска поддршка од Европската унија. Носител на активностите е АХВ, а спроведувањето беше во соработка со Фитосанитарната управа, Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Антимикробната отпорност (AMO) претставува сè поголема глобална закана. Несоодветната употреба на антимикробни средства во здравствената заштита на луѓето и производството на животни се главниот двигател на АМО. Ограничената употреба на антимикробни средства е на агендата во светски рамки.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), втора година е носител на националните активности од регионалната кампања на ЕФСА за подигнување на јавната свест и поддршка на земјите во преземање на мерки за спречување  на појавата и ширењето на Африканската чума кај свињите. Годинашнава кампања, покрај во Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, кои ЕФСА во 2019 година ги идентификуваше како “засегнат регион” поради нивната географска близина со земјите во кои е присутна оваа болест, ги вклучи и Бугарија, Република Чешка, Литванија, Летонија, Полска, Словачка, Естонија, Унгарија и Романија.