Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Презентиран статусот на проектоте кои ги реализира АХВ преку ИПА

05.09.2024
Презентиран статусот на проектоте кои ги реализира АХВ преку ИПА

Заменик директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Фадил Асани и Сузана Поповска раководител на Секторот за ЕУ и меѓународна соработка при Агенцијата, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) одржаа работен состанок со претставници на Министереството и Делегацијата на ЕУ.

Тема на состанокот беше статусот на проектите кои ги реализира АХВ кои се поддржани преку  Инструментот за претпристапна помош (ИПА) наменет за земјите вклучени во процесот на пристапување кон Европската унија (ЕУ).

Поповска информираше за статусот на проектите кои Агенцијата ги реализира преку овој инструмент на ЕУ, како и за успешната реализација на неодамна завршениот проект “Подобрена контрола на болести кај животните и имплементација на системот за безбедност на храна”. 
ИПА инструментот на ЕУ има за цел подобрување на ефикасноста и зајакнување на институционалниот капацитет, прекугранична соработка, економскиот и социјален и руралнен развој на институциите и на државата.
 

Ознаки
Категорија